Кавадарчани порачаа: Граѓаните нема да дозволат да им биде свиткана кичмата

Протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва се одржа во Кавадарци, а пред присутните се обрати историчарката Светлана Јосифова која рече дека и по 72 дена протести граѓаните нема да дозволат да им биде свиткана кичмата.

– На 27 април беше извршен државен удар во Македонија, со аманет на странските дипломати. Овој преседан, овој шверцерски начин на избор на претседател на Собрание, остава можност на ист начин надвор од процедурите, а со поддршка на некои центри на моќ да се реализира целата тиранска платформа, нагласи таа.

За жал пред очите на народот, додаде, „насилно се презема власта која треба да ја разнебити државата”.

– Се дрзнаа да заплашуваат и апсат невини граѓани патриоти што си ја бранат државата. Но, не ќе можат сите да не уапсат, нагласи таа.

 

 

 

08.05.2017 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега