Амбасдорката на Република Турција во посета на општина Гостивар

 

Амбасадорката на Република Турција во Македонија Тулин Еркал Кара денеска оствари средба со Невзат Бејта градоначалникот на општина Гостивар, со кого разговарале за тековните активности и проекти кои заеднички ќе се реализираат.

На средбата, било констатирано дека соработката е на завидно ниво, а воспоставените врски се одликуваат со реализација на голем број проекти.

- Ние како општина имаме одлична соработка со Република Турција и благодарни сме на финансискиот придонес од кој корист имаат граѓаните и градот Гостивар. Во име на таа соработка, потсетив дека уште во првиот мандат го официјализравме турскиот јазик во општината, а едно училиште го преименуваме со ново име „Мустафа Кемал Ататурк“, рече Бејта.

Виското ниво на соработка го истакна и амбасадорката Тулин Еркал Кара и дека таа се базира на веќе воспоставените врски.

- Ние сме посветени на длабокото пријателство со општина Гостивар. Во Гостивар, бројната турската заедница има поддршка од локалната власт и останатите етнички заедници и тоа е евидентно. Му благодарам на градоначалникот Бејта кој е докажан и голем пријател на Турција, за досега сработеното и на ветувањата за нови заеднички проекти, изјави Тулин Еркал Кара по средбата

На средбата било истакнато и дека градоначалникот Бејта ќе оставри работна посета на градот Бурса.

 

 

 

09.05.2017 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега