Претепан полициски службеник во Тетово додека си ја вршел должноста

Вчера околу 18.00 часот во Тетово на улица „Илинденска“, додека полициски службеник се движел со возило во правец кон излез од градот за Гостивар, пред него излегло патничко моторно возило „Фоксваген Голф“ со германски национални ознаки, управувано од  Б.Ј. (32) од село Слатино, општина Теарце, кое се движело неконтролирано по коловозот.

Го престигнал возилото и го запрел, каде го предупредил Б.Ј. на неговото однесување како и можното загрозување на сообраќајот. После тоа Б.Ј. почнал да му се заканува, а потоа и физички го нападнал со тупаница во пределот на главата по што полицискиот службеник паднал на асфалтот, а Б.Ј. продолжил да го удира со клоци и тупаници по целото тело, по што го напуштил местото на настанот.

Во Клиничката болница Тетово на полицискиот службеник му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.

Истиот ден во просториите на СВР Тетово, во присуство на адвокат, извршен е разговор со Б.Ј.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

09.05.2017 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега