Не очекува голем температурен шок

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Во западните делови од земјава врнежите ќе бидат пообилни. Во југозападните и јужните делови ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој вдолж Повардарието ќе засилува.Температурата ќе се движи во интервалот од 13 до 22 степена.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево со умерена облачност, во западните делови променливо облачно, претпладне со повремен дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието повремено умерен северен ветер.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Од четврток до сабота времето ќе биде стабилно со умерен до засилен јужен ветер и со значителен пораст на дневната температурата на воздухот, особено во петок и сабота. Многу топло се очекува да биде во јужните делови и вдолж Повардарието и температурата на повеќе места ќе достигне над 30 степени.
09.05.2017 - 15:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа