Дожд во Македонија - еве каде најмногу заврна

 Најмногу дожд од утрово е наврнат во Гевгелија, каде според мерењата на УХМР се регистрирани 41 литар на метар квадратен за шест часа.

Поголема количина врнежи имало и во Струмица 23 литри и 20 во Берово. Помали количества, 8 литри на метар квадратен, имаше во Ѓуриште на североистокот, и во Пелагонија, и тоа 7 во Тополчани, а по 6 во Битола и во Прилеп. На другите места количествата се помали.

Врнежи меѓу 12 и 14 часот се регистрирани и во  Маврово, Лазарополе, Охрид и Скопје (З. Рид).

Повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет ќе има и во попладневните часови, а на југот ќе има и услови за повторна појава на грмежи. Повремено засилен северен ветер ќе се јавува долж Повардарието. Повремен дожд ќе има и преку ноќта, особено во западните делови.

Во Скопската котлина ќе има повремени врнежи од дожд до крајот на денот и преку ноќта, но врнежите најчесто ќе се со слаб до умерен интензитет.

 

 

 

09.05.2017 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега