Сител: Кој им го испи млекото на полицајците?

Кој им го испи млекото на полицијците? Одоговорот на ова прашање ќе треба да го бара основното јавно обвинителство. Независкиот синдикат на полицијата бара истрагата да покаже зошто веќе неколку години полицајците не добиваат млеко и кисело млеко- пишува Сител

Синдикатот се обратил до МВР, од таму им било одоворено дека на полицајците им следува млеко и дека од сега треба повторно да го добиваат.

Според упатството за исхрана во МВР, вработените во единицита за увид на местото на настанот и анализа, или македонското ЦСИ  треба да добиваат млеко и кисело млеко затоа што работат со опасни материи, меѓу кои и канцерогениот сребро нитрат. Млекото мора задолжително да го пијат затоа што друга заштита за организмот нема.

Според електорнскиот систем за јавни набавки, минатата година МВР од две фирми дабавило млеко и млечни производи во вредност од 12 милиони и 600 илјади денари или над 200 000 евра.

Сител писмено се обрати до МВР и побара одговор на прашањето зошто полицајците не го добивале млекото кое им следувало. До вестите одговор не добивме.

 

 

 

09.05.2017 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега