Овчите сипаници ги нападнаа малите деца во земјава

Расте бројот на заболени лица со големи сипаници кај децата во градинките и учениците до 12- годишна возраст. Според Институтот за јавно здравје регистрирани се 3.600 случаи на варичела оваа година.

Инфектолозите велат дека овчите сипаници се јавуваат сезонски од април до јуни, најчесто на пролет.

Инкубацијата на болеста е две до три недели, а оваа болест е и заразна. Се пренесува со кивање, кашлање и зборување со инфицираниот.Компликации од варичела се ретко се јавуваат, но може да дојде до пневмонија или воспаление на мозокот.

Заболените од варичела најчесто се лекуваат дома, но лекарите советуваат да се побара лекарска помош доколку детето е помало од 1 година, постаро од 12 години или станува збор за бремена жена.

 

 

 

09.05.2017 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега