Две години од акцијата во кумановската Дива Населба, судското рочиште одложено на барање на МВР

И по две години во кумановската населба Диво Насеље се уште има траги од вооружената пресметка, која траеше два дена, при што животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи, додека четириесетина беа тешко повредени. Во престрелката беа убиени и 10 припадници на вооружената група. Граѓаните кои што живеат на улиците каде што беше престрелката и чии куќи беа уништени, добија оштетување и речиси сите се целосно обновени. Кумановци велат дека соживотот во градот продолжи и по настаните во Диво Насеље.

-Не треба да се заборави јас бев таму, крушуми летаа наоколу, тоа беше вистински тероризам. Треба да се расчисти кој е вмешан нека одговара кој не нема, меѓу луѓето нема разлика, се дружам и со Албанци со сите, кој е човек, а кој не е и брат да ми е не зборувам-вели еден кумановец.

Локалната самоуправа дава поддршка на граѓанскиот сектор за изградба на спомен обележја во чест на загинатите полициски службеници. Според градоначалникот настанот не остави траги на меѓуетничкиот живот.

-Уште не е разјаснет мотивот зошто се случи тоа најверојатно во наредните периоди кога ќе имаме регуларен правен поредок како основен столба за европските интеграции и принципи ќе се докаже зошто тоа се случи на 9-ти мај. Тоа остави една црна дамка и на Куманово и на Макеоднија како мултиетничка држава која ги почитува стандардите на цивилизациското опшштество-изјави градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

Утринава во соборниот храм Свети Никола се одржа и панихида за осумте полицајци, која ја организираше општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

-Да оддадеме почит на луѓето кои за оваа земја ги положија своите животи храбро не штедејќи се себе давајќи пример на сите како треба да се брани државата како  треба да се брани народот на оваа држава, изјави Зоран Ѓорѓиевски, пратеник .

Денеска требаше да се одржи и продолжение од судскиот просец за Диво насеље, но истото по барање на МВР е одложено за 11-ти мај.

 

 

 

09.05.2017 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега