Илиевски: Изборот на претседател на Собранието прекрши многу членови од Уставот

 

Богдан Илиевски денеска на протестот ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА изјави дека одлуката за избор на претседател на Собранието прекршила многу членови од Уставот.

-Член 20 од Уставот на Република вели, програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓани и политички партии не можат да бидат насочени кон уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија, или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост, тоа го вели уставот. А Бујар Османи вели не ја прифаќаме македонската химната како наша, а на албанската стануваме секогаш. Слушнавме што вели Уставот, а денеска во Службен весник потпишано од Горан Мисовски, потпишан како заменик претседавач на конститутивната седница на Собранието излезе таа срамна одлука. Заменик претседавачи на Трајко Велјаноски на конститувната седница се Стојан Миланов од СПМ и Јусуф Касами од Демократската партија на Турците во Македонија, назначени согласн о член 10 став 1 од деловникот на Собранието, на конститувната седница на Собранието одржана на 30 декември 2016 година, а не Горан Мисовски, тој се обидува да го наруши уставниот поредок на Република Македонија и за тоа треба да одговара. На 27 април, без да се закаже нова седница, без да бидат поканети сите пратеници, без дневен ред, без стручни служби, без подготвена одлука, без да се утврди присуство на седницата, без да се избројат пратениците кои што незаконски гласале, без да бидат поканети претставници од други органи и Владата на Република Македонија, кои деловнички секогаш се повикуваат, без да се образложи предлогот, без да отвори расправа, без присуство на јавноста на седницата, која задолжително се пренесува преку собранискиот канал, без записник и стенограмски белешки, без заклетва на пропишан начин, кришум од јавноста, без да се отвори дебата, без да се праша дали има друг кандидат, без мандат за граѓаните, без легитимитет од Уставот и законите да го прават тоа, зарем тоа е избор на претседател на Собрание, изјави Илиевски.

Тој ги праша евробирократите зарем не им е срам да даваат легитимитет на така избран претседател и кажа дека тоа е вистински срам за демократијата

-Наместо заедно да се бориме против негативностите чиј што јубилеј денеска славиме, зборувам за фашизмот, наместо да се бориме против современите окупации,  некои бирократи и дипломати ги охрабруваат и поттикнуваат. Нема да им поминат, мора да има ред и закон, има членови кои ќе мора да се изјаснат, нема како поинаку да се изјаснат. Талат Џафери е незаконски обид за избор на претседател на Собранието, изјави Илиевски.

Тој кажа и дека е лага дека тие биле албанофоби.

-Лага е дека ние мразиме некои етникум во Македонија т.е. дека сме албанофоби, тоа е огромна, тоа е срамна лага. Не си албанофоб ако не се согласуваш со провокацијата на Талат Џафери да стави албански знамиња во кабинетот, ти само сакаш да се спроведува законот. Не си албанофоб ако си против провокацијата, најпрвата книга во тој ред, во библиотеката, која ја постави Талат Џафери, која е чиста провокација, книга во која се зборува за големоалбанските аспирации на албанскиот етникум, туку си човек кој се грижи за унитарноста и суверенитетот на Република Македонија и не поддржува такво нешто. Не си албанофоб ако си против пеењето на албанската химна Собранието, изјави Илиевски

Илиевски кажа декаТалат Џафери може да биде претседател ако е избран во редовна процедура, според законите и според Уставот и ако се откаже од Тиранската платформа.

-Едно ви ветуваме ние од нашата борба не се откажуваме, отпорот на неправдите е наша единствена опција, изјави Илиевски.

 

 

 

09.05.2017 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега