Масовен протест: ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА по 72-ри пат протестираше низ улиците на Скопје

 

Граѓани на Скопје вечерва повторно со масовен марш низ улиците на градот ја изразија својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, со цел да ја искажат својата загриженост за иднината на државата и во одбрана на унитарноста на Република Македонија.

Граѓаните од пред Владата па се до канцеларијата на ЕУ во Скопје  јасно и гласно кажаа дека НЕ сакаат двојазичност во нивниот град, како и на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето и државниот грб и дека сакаат нови избори што е можно побрзо.

На денешниот протест кој се одржува по седумдесет и втори пат во Скопје се обратија Богдан Илиевски, актерот Ванчо Петрушевски како и поетот Борче Грозданов.

Освен во Скопје, вечерва протести „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ се одржуваат во над 40 градoви и села во Македонија.

 

 

 

 

 

09.05.2017 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега