Кумановци порачаа: Единствено решение се избори

 

Кумановци и вечерва се приклучија на маршот што го организира иницијативата „За заедничка Македонија“ и уште еднаш побараа отфрлање на тиранската платформа, зачувување на унитарниот карактер на државата и избори со кои, како што велат, ќе се реши оваа криза.

Овој пат граѓаните маршираа од Соколанскиот парк, по што продолжија да се движат по централните градски улици и маршот го завршија пред платото на Центарот за култура, каде се обрати актерката Вера Ристевска. Таа рече дека граѓаните и покрај сите закани, против сите авети кои се создаваат од сите страни и надвор и внатре се наоѓаат пред долг пат и битка. Решението, како што истакна се избори.

Протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“ продолжуваат и утре.

 

 

 

09.05.2017 - 21:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега