Стоилковски: Талат Џафери не е избран претседател, туку вештачки наметнат

 

Новинарот Наум Стоилковски во гостувањето во Отвореното студио на ТВ Нова кажа дека Талат Џафери е вештачки наметнат, а не избран за претседател на Собранието. Тој вели дека Федерика Могерини го избрала Џафери и прашува од каде таа има легитимитет да избере некого.

-Талат Џафери не е избран, Талат Џафери е вештачки наметнат и ставен во таа канцеларија на претседателот на Собранието на Република Македонија. Кој го избра Талат Џафери? Могерини, а кој ја избра Могерини, од каде Могерини има легитимитет да избере некого, прашува Стоилковски.

Тој смета дека пратениците кои го изгласаа Талат Џафери знаеа што ќе се случи.

-Самата позиција на оние кои што останаа во салата, кои што ја окупираа салата за да направат еден таков наводен избор на претседател, знаеа што ќе се случи, беа предупредени што ќе се случи, изјави Стоилковски.

 

 

 

09.05.2017 - 22:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега