На 13-ти мај ќе биде пуштена во употреба „Куќата на спортот“ во Македонска Каменица

Во сабота, на 13-ти мај 2017 година, свечено ќе биде отворена „Куќата на спортот“ во Македонска Каменица.

Овој ултрамодерен објект е изграден со финансиски средства од буџетот на општина Македонска Каменица, а зафаќа вкупна површина од околу 500 метри квадратни. „Куќата на спортот“ содржи современи соблекувални, сала за состаноци, простории за технички персонал, фитнес центар и канцелариски простории кои ќе им бидат ставени на располагање на локалните спортски клубови од подрачјето на општина Македонска Каменица. Фирма изведувач е „Хит градба Еуростил“ од Македонска Каменица. За отворањето на „Куќата на спортот“, покрај официјалниот дел, како централен настан предвиден е и ревијален фудбалски натпревар помеѓу ветераните на ФК „Саса“ и ФК „Вардар“ – изјави Васко Десподовски од општина Македонска Каменица.

 

Со изградбата на овој објект, Македонска Каменица добива еден од најрепрезентативните спортски објекти во државата, значително се подобруваат условите за севкупен развој на спортот, а најголем спортски приоритет на Општината, во моментов, е пласман на ФК „Каменица Саса“ во повисок ранг на натпреварување.

 

 

 

10.05.2017 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега