Поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Куманово

 
 
Граѓани на Куманово и вечерва се приклучија на маршот на иницијативата „За заедничка Македонија“ и  побараа отфрлање на т.н „тиранска платформа“ и зачувување на унитарниот карактер на државата.
 
Учесниците на маршот велат дека само преку избори ќе може да се излезе од кризата.  Тие се движеа од пред соборниот храм „Свети Никола“ по централните градски улици и булевари и завршија во центарот на градот пред јарболот.
 
На присутните им се обрати Јовица Станковски кој рече дека три месеци протестираат по улиците за одбрана на државата, нејзините институции  и унитарност, нагласувајќи дека граѓаните се сведоци на безочни обиди за  уништување на се што е  вредно и свето.
 
- Во општата клима на прекршувања на Уставот и законите, протестот предводен од иницијативата „За заедничка Македонија“ е најлегитимната демонстрација на волјата на граѓаните од повеќе етнички заедници, за тоа во каква држава сакаме да живееме, рече Станковски.
 
Тој додаде дека ќе продолжат да протестираат се додека не бидат сигурни дека е сочувана Македонија, мултиетнична и унитарна. Toa, рече, го должиме на предците, а обврска имаме кон идните генерации.
 

 

 

10.05.2017 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега