ОД ДУИ ЗНАЕЛЕ ШТО СЕ СПРЕМА НА 27 АПРИЛ: Груби откри зошто го немаше Ахмети во Собрание

Во ДУИ добиле информации од луѓе од безбедносните служби дека се подготвуваат немири во Собранието на 27 април, дента кога СДСМ и албанските партии самите го изгласаа Талат Џафери за претседател на законодавниот дом, по што дојде до упад на маса народ и немили сцени во кои беа повредени повеќемина пратеници.
Артан Груби, портпаролот на ДУИ, во изјава за домашните медиуми рече дека поради таквите сознанија заклучиле дека не е препорачливо Ахмети да биде во Собранието тој ден.
- Веќе објаснивме дека заедничка проценка на Али Ахмети и Зоран Заев, како и на безбедносните служби, беше Ахмети да не биде во Собранието кога ќе се избере новиот претседател Талат Џафери бидејќи имавме информации дека се подготвува сценарио кое би имало за цел да ѝ наштети на меѓуетничката кохезија во земјата и да предизвика конфликт меѓу Македонците и Албанците. Не дозволивме такво сценарио да се реализира - рече Груби.
Овие објаснувања Груби ги даде после излегувањето од Основното јавно обвинителство, каде што денеска даде исказ за случувањата во Собранието. На 27 април тој беше во салата за прес-конференции каде што се случија и најтешките напади врз пратениците на СДСМ, како и врз Зијадин Села, но тој самиот излезе неповреден.
Груби пред Јавниот обвинител објаснувал што се случувало во салата, а како што пренесуваат дел од домашните медиуми, рекол дека исто така бил нападнат во немирите.
Од Јавното обвинителство испратија покана до пратениците кои биле нападнати да дадат исказ, но досега на оваа покана не се одзвале ниту Зоран Заев, ниту Радмила Шекеринска, ниту Зијадин Села
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа