Претседателот Иванов не го менува ставот

Писмото со кое новоизбраниот спикер, Талат Џафери, го извести шефот на државата Ѓорге Иванов дека е формирано ново парламентарно мнозинство и дека од него се очекува да го додели мандатот за формирање влада, пристигнало во кабинетот на претседателот, завчера на 9.5.2017 година, потврдија вчера од претседателскиот кабинет и информираа дека Иванов останува на својот став. 

- Претседателот Иванов очекува од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека „заедно со коалициските партнери ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека сè ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија“ - рекоа во кабинетот на Иванов. 

Во информацијата се додава и дека „претседателот Иванов останува на ставот дека таканаречената платформа од Тирана, ниту кој било друг документ, акт или дејство спротивни на Уставот на Република Македонија, не може да биде услов, ниту пак основа за формирање и дејствување на Влада во Република Македонија. Македонскиот претседател, во однос на определување мандат, ќе постапи во согласност со Уставот и досега воспоставената практика“.

 

 

 

11.05.2017 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега