Судењето за „Дива населба: Се презентираат докази на обвинителството, судењето затворено за јавноста

Судскиот процес за случајот „Дива населба“ денеска продолжува со презентирање на доказите на обвинителството кои се обезбедени со посебни истражни мерки за следење на комукацијата на обвинетите.

Поради презентирањето на класифицирани информации денешното рочиште во Кривичниот суд е затворено за јавноста.

По презентацијата на материјалите на обвинителството, судењето треба да продолжи со изложување на доказите на одбраната.

Во случајот „Дива Населба“ 37 лица се осомничени за тероризам и за терористичка организација.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската „Дива населба“ вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група

 

 

 

11.05.2017 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега