Протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Струмица

Граѓаните на Струмица дел од иницијатива „За заедничка Македонија“ ги повторија трите барања, за предвремени парламентарни избори, попис и отфрлање на тиранската платформа од протестот на градскиот плоштад „Гоце Делчев“.

– Денес ние можеме да говориме за предавства на интелектуалците, а ова го насети и Ѓорги Пулевски, ѕидарот од Галичник, пред 200 столетија. Тој беше првиот што укажа на нашата генеза и додава дека е ноторна глупост и шизофренија докажувањето дали ние сме антички Македонци или Словени, рече Панчо Гогов.

Цитирајќи го Ефтим Клетников, Гогов се повика на континуитетот на македонскиот идентитет.

– Има една конзистенста линија со која оди нашиот идентитет толку прецизно и немилосрдно како ниеден друг народ, а тоа е името смета Клетников. Нашиот човек од Муртино кој се претставува како визионер и лидер на Балканот може да прими и десет идентитети. Денес во Белград е Србин, Во Софија е Бугарин и така е раздорот, а тоа е притисокот од Брисел и од Вашингтон, додаде Гогов.

Протестот заврши со мировен марш.

 

 

 

11.05.2017 - 21:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега