Утре партиите на координација кај Џафери

Талат Џафери во понеделник закажа координација меѓу претставниците на сите парламентарни партии за локалните избори.

Доколку координаторите на пратеничките групи се договорат за датумот на локалните избори, уште во понеделник ќе биде одржана собраниска седница на која ќе бидат разгледувани измените на законите со кои се предлага продолжување на рокот на надлежностите на градоначалниците.

ВМРО-ДПМНЕ побара итно распишување на локални избори од парламентарното мнозинство и за истото предложија три датуми. Антонио Милошоски од оваа партија изјави дека за нив прифатливи би биле 2 јули, 14 септември и 15 октомври.

 

 

 

14.05.2017 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега