Михајло Маневски: Генерален реизбор на судии воопшто не е можен

Поранешниот министер за Правда, Михајло Маневски, кого СДСМ го овинува дека е создател на партиски судски систем, во интервју за Прес24 вели дека најавата на СДСМ и Заев дека ќе биде вршен генерален реизбор на судии со формирање на новата влада, се само уште еден обид за заплашување на судиите. Манесвки вели дека нема никакви законски и устани начини Заев тоа да го реализира.

-Генерален реизбор според Уставот и Законот за судовите воопште не е можен. Не може да се изврши генерален реизбор на судиите по никаков основ. Судиите тоа го знаат и знаат да се одбранат од заканите и нападите, иако не е нималку пријатно сeкојдневно да слушаат дека некој им готви “свилен гајтан”. Според членот 38 од Законот за судовите од 2005 година, судиите се избираат без ограничување на траење на мандатот. Според новиот Закон за судовите, судиите и претседателите на судовите ги избира и разрешува Судскиот совет на РМ, под услови и во постапка утврдени со закон. Собранието на РМ нема никаква надлежност во врска со изборот и разрешувањето на судиите повеќе од 12 години, вели Маневски за Прес24.

Тов потенцира дека е недопуштено и срамно е во ова време една партија да се заканува со генерален реизбор.

-Една соседна држава, пред неколку години изврши генерален реизбор на судиите, но судиите што не беа реизбрани покренаа постапка и со пресуда на Европскиот суд за човекови права се вратени на нивните работните места и им се надоместени претрпените штети од 50 до 70 илјади евра за изгубена заработувачка и направени трошоци, вели Маневски.

Екс министерот за Правда вели дека на лидерто на СДСМ не може да му се верува на збор и затоа оценува дека сите гаранции кои се подготвуваат за добивање мандат од Претседателот на државата се безбачајни.

-Кој може да му верува на збор дека ќе ја унапредува унитарноста на државата, кога во практиката се случува сосема спротивното. Зоран Заев и СДС не реагираат на деградација на државното знаме во кабинетот на Претседателот на Собранието и на најавата на Талат Џафери дека седниците на Собранието, спторивно на Уставот ќе ги води на албански јазик.Во наводните гаранции на Зоран Заев никаде не се споменува дека нема да се дозволи двојазичност на целата теритирија на Република Македонија, дека нема да се отвараат теми за промена на грбот, знамето и химната, за декларација за геноцид врз албанскиот народ, за ревизија на судски процеси и други прашања, вели Михајло Маневски во интервјуто за Прес24.            

ПРЕС24: Што се случи во четвртокот на 27 април во Собранието?

МАНЕВСКИ: На 27 април во Собранието на Република Македонија се случи класичен обид за државен удар со насилие врз Уставот и законите и обид за насилно рушење на уставниот поредок во законодавниот дом.

На седницата окулу 14 часот Зоран Заев под  формата процедурално, со еден заканувачки и насилнички говор најави избор на претседател на Собранието по секоја цена во друга сала, во ходник, во МАНУ, на Правен факултет или било каде. Тоа го повтори и во прес центарот на Собранието. Ја подгреваше атвмосверата и поттикнуваше на насислство.

После најдрската провокација сопеење на албанска химна во Собранието и прекинот на седницата, окулу 18,20 часот Зоран Заев го реализира насилното сценарио за избор на претседател што го најави.Тоа што го направи сè беше планирано и режирано, со  намера да покаже сила и да ги испровоцира настаните што следеа. Ги испровицира и ги понижи граѓаните кои 60 дена мирно протестираа против тиранската платформа и бараа нови избори.

Собрани во едно ќоше, после прекинување на работата на седницата во 18 часот, без да се закаже нова седница, без да бидат поканети сите пратеници, без дневен ред, без стручни служби, без подготвена одлука, без да се утврди присуство на седницата, без да бидат поканети преставници од други органи и на Владата на РМ, кои деловнички секогаш се повикауваат, без да се образложи предлогот, без да се отвори расправа, без присуство на јавноста на седницата која задолжително се пренесува преку собранискиот канал, без записник и стенографски белешнки, без заклетва на пропишан начин, кришум од јавноста, симулираа избор на Претседател на Собранието на РМ!

Одлука за избор на Претседател на Собранието нема. Талат Џафери не е избран Претседател на Собранието туку наместен претседстел, спротивнио на Уставот на Република Македонија. На 27-ми април Зоран Заев и неговата постизборна коалиција ја деградираа и ја окрвавија функцијата Претседател на Собранието. Го згазија Уставот, Законот за Собранието и Деловникот за работа.

Зоран Заев и СДС заслепени од патолошката желба за власт ништо не почитуваат. Дали мисли Зоран Заев дека некој ќе поверува дека е извршен законски избор на претседател? И независни странски медиуми, како Viener Cajtung објавија дека Талат Џафери не добил мнозиство гласови од вкупниот број пратеници, туку 59 гласа, а тоа не е доволно за избор на претседател. Дали некој видел записник или листинг за тоа како пратениците гласале, колку пратеници присуствувале, колку од  од нив гласале ЗА, колку пратеници биле ПРОТИВ и колку пратеници се ВОЗДРЖАЛЕ од гласање. Тоа беше една обична фарса, без најосновни елементи за едно законско галасање.

Претседателот на Собранието дава заклетва дека ќе го штити Уставниот поредок на државата и дека ќе го почитува Уставот и законите. Погазена е законската и деловничка одредба за тоа како се дава свечана ЗАКЛЕТВА на претседател на Собрание? Дали некој воопште разбра што кажа? Кога при првата инагурација претседателот на САД Барак Обама не ги повтори сите зборови од заклетвата што ги читаше судијата, наредниот ден беше повикан повторно да положи заклетва, така како што е пропишано. Овде заклетвата  тотално се деградира.

Тоа што го направи Зоран Заев на 27-ми април е класичен случај на обид за  државен удар и во тие дејствија се содржани елементите на кривичните дела Велепредавство од членот 305 и Загрозување на независноста од членот 308 од Кривичниот законик.

Зоран Заев покажа дека е подготвен да употреби оружје за да ја оствари целта и тоа го стори. Спротивно на членот 43 од Законот за Собранието, телохранители на раководството на СДС влегоа во Собранието наоружани со пиштоли и со боева муниција. После 72 години се слушнаа истрели од огнено оружје во Собранието. Зоран Заев нареди на телохгранителот на раководството на СДС Ацо Ангеловски да пука и тој по негова наредба два пати испука куршуми, од кои се повредени двајца граѓани. Еден граѓанин е окрзнат со зрното кое се одбило од таванот, а другиот граѓанин е повреден од шрапнели од распрснатото зарно.  Другиот телохранител впери  пиштол спрема граѓаните со закана дека ќе пука.

После пукањето и заканата со вперување на пиштол спрема граѓаните, уште повеќе се вжешти состојбата. Испровоцирани и под закана со огнено оружје, некои од граѓаните  со чувство на загрозеност се бранеа и фрлаа спрема тие кои ги напаѓаа со тоа што можеа да дофатат. Граѓаните не влегоа во Собранието наоружани, не носеа пиштоли, палки, шипки и други средства.

Зоран Заев без елеменратарно чувство на човечност и одговорност, призна дека дал наредба да се пука и без основа изјави дека телохранителот Аце Ангеловски “пукал по процедура и протокол“.  За каква процедура и за каков протокол зборува Зоран Заев? Во  Собранието е забрането да се носи оружје и како тоа може да биде по процедура и протокол? Врз основа на кој закон или правилник пукањето во Собранието е по процедура и протокол? Како можеше да нареди да се пука при толку народ и да ги доведе во опасност животите на луѓето и тоа  човек кој рефлектира на највисока позиција во извршната власт, од кое пукање се повредени две лица.

Со овие дејствија Зоран Заев, Оливер Спасовски и двајцата  телохранители, како соизвршители сториле  кривични дела Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница од член 133, Учество во тепачка од член 132 и Недозволено држење на оружје од членот 396 од Кривичниот законик.

ПРЕС24: Кој го предизвика ваквиот избор на Талад Џафери за Спикер на Собранието? СДСМ или ВМРО ДПМНЕ со тоа што со денови ја блокираше работата на Парламентот со долги дискусии и постојани реплики?

МАНЕВСКИ: Од одговорот на првото прашање сосема е јасно кој го предизвика ваквиот избор на Талад Џафери за Претседател  на Собранието. Правото на пратениците да говорат на седницата на Собранието и да ги користат деловничките одредби не е никаква провокација и не е никаква блокада на Собранието.

ПРЕС24: ВМРО ДПМНЕ не ја блокираше работата на Собранието со  долги дискусии и постојани реплики?

МАНЕВСКИ: Во тие дискусии, реплики или барање процедурално, учествуваа и пратеници на СДС.  Ова не е прв пат во работата на Собранието да се применува одреден начин на изјаснување на пратениците за поедини прашања, па дури имаше и дискусии со “молчење”!

ПРЕС24: Има ли правни механизми да се оспори изборот на Џафери и дали евентуална одлука на Уставен Суд би променила нешто во суштината?

МАНЕВСКИ: Постојат правни механизми да се оспори избор на секој претседател наместен на функцијата на овој начин спротивно на Уставот и Деловникот за рабоата на Собранието, а тоа во случајот е Талад Џафери. Уставниот суд на Република Македонија е чувар на уставноста и е должен да ја поништи противуставна одлука. Поништувањето на Одлуката за избор има за посдледица враќање на процесот во Собранието и постапување согласно Уставот и Деловнички за работа на Собранието. Во спротивно, се промовира насилието како средство за остварување на одредени политичики цели.

ПРЕС24: Лесно е да се предвиди дека наскоро парламентарното мнозинство ќе избере и Влада. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане да ја оспорува новата власт, но од друга страна таа за меѓународната заедница ќе биде легитимен партнер. Што ќе значи тоа за Македонија?

МАНЕВСКИ: Парламентарното мнозинство нема апсолутна сила врз Уставот и законите. Токму парламентарното мнозинство има поголема обврска да обезбеди законито постапување и да се грижи да бидат почитувани  основните права на пратениците од другите политички партии и коалиции. Овака како што се постапува, произлегува дека ништо не е важно кога имаш мнозинство во Собранието и можеш да правиш што сакаш, како апсолутен господар. Тоа не е така. Тоа e само промоција на  апсолиутизам и нема никаква врска со парламентарната демократија.

Изборот на Влада од страна на парламентарното мнозинство без мандат на Претседателот на Република Македонија нема уставна основа. Може да се случи и тоа, како што се најавува, но тоа ќе биде уште едно насилство зрз Уставот и законите и продлабочување на кризата.

Под поимот на меѓународна заедница не може да се подведат само неколку амбасадори, па макар тие биле и од влијателни држави, кои спротивно на членот 3 од Виенската конвенција за дипломатски односи се мешаат во внатрешните работи на една суверена држава. Нивната подршка на нелегално избран Претседател на Собранието и нелегално избрана Влада, не допринесува за стабилност во регионот и промовира насилие врз Уставот и законите,  наместо владеење на правото.

ПРЕС24: Џафери прво го постави албанското знаме во претседателскиот кабинет, сега најавува и водење на собраниските седници на албански јазик. Ако се земе предвиде противуставноста на овие одлуки, тогаш од што се тие мотивирани?

МАНЕВСКИ: Пратеникот Талат Џафери, нелегитимно устоличен Претседател на Собрането на Република Македонија, уште не седнат на столот, грубо го прекрши Законот за употреба на знамињата, грбот и химната и Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија.

Новото време на “промени” фактички започна со примена на тиранската платформа. Талат Џафери со самото влегување во претседателскиот кабинет спротивно на Законот постави две албански знамиња, со што изрази непочитување на законодавниот дом и повреда на елеменатарните чувства и деградација на знамето на Република Македонија.

Како симбол на државата, употребата на знамето е уредена со Законот употреба на знамињата, грбот и химната. Според членот 3, знамињата, грбот и химната се употребуваат на начин со кој не се нарушува угледот и достоинството на Република Македонија. Истакнувањето и употребата на знамето согласно Законот, ја означува припадноста на Република Македонија.

Во членот 17 од Законот, се предвидуваат неколку  начини за употреба на знамето на Репиблика Македонија. Во случај кога знамето на Република Македонија се истакнува заедно со две други знамиња, знамето на Република Македонија се наоѓа во средина. Ако знамето на Република Македонија се истакнува покрај друго знаме, тоа секогаш се наоѓа на левата страна, гледано однапред. Доколку знамето на Република Македонија се истакнува со знамето на единиците на локалната самоуправа и други знамиња, знамето на Република Македонија се истакнува на прво место од левата страна оддалечено два метри, а повисоко за еден метар и со поголема димензија од знамето на единицата на локалната самоуправа и од другите знамиња. Освен тоа, според членот  8-а, знамето на Република Македонија кога се  истакнува со други знамиња согласно со закон е со поголема димензија од една третина од другите знамиња.

На бирото на претседателот на Собранието, стротивно на членот 17 е поставено  знамето на   Република Албанија, кое истовремено е знаме на албанската етничка заедница во Македонија и тоа по редослед прво, во средината знамето на ЕУ и на трето место е поставено знамето на РМ. Освен тоа, на полицата позади бирото на претседателот е поставено уште едно албанско знаме, без да биде поставено македонско знаме на начин предвиден во Законот.

Во Законот употреба на знамињата, грбот и химната нема основа за истакнување на знаме на етничка заединица, како симбол на припадност на носител на државна функција. Покрај тоа што нема законска основа, начинот на поставувањето на албанскито знаме на прво место, а потоа знамето на ЕУ и на крајот знамето на РМ е спротивен на Законот, бидејки знамето на РМ е поставено на трето место гледано однапред, со што се деградира и повредува знамето на државата и се нарушува угледот и достоинството на Република Македонија.

 Пратеникот Талат Џафери предизвика тешка провокација и изрази непочитување и повреда на Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија.

ПРЕС24: Дали Претседателот Иванов трба да го додели мандатот за сотав на нова влада на Заев?

МАНЕВСКИ: На Зоран Заев неможе да му се верува на збор. Тој не  е човек кој држи до зборот и го менува мислењето од денес до утре.

Зоран Заев е општа опасност за Македонија. Само ќе подсетам на некои негови изјави:

- ќе јадеме живи луѓе ;

- ќе ги бркаме од работа сите од ВМРО, од министер до чистачка, и   веќе најавуваат  бркање на окулу 3 до 5 илјади лица; 

-  ќе ја виткаме кичмата за името;

- два пати нареди да се пука во Собранието 

- во еден ден македонците ги направи и срби и бугари;

-  бессмислерно и не предизвикан со ништо, целото српско раководство го прогласи за националистичко, со што предизвика големи и непотребни реакции и бранувања во регионот; 

- наспроти тоа,  не го осуди   изјавите на Еди Рама и Хашим Тачи за голема  Албанија;

- се прави дека не гледа ништо и дека не слуша ништо за изјавите на контраверзниот американскиот државјанин Вилијам Вокер, поранешен преставник на ОБСЕ за Косово, кој јавно изјавува и пред очите на Џес Бејли  дека работи за создавање на голема Албанија и за дестабилизација на регионот и  многу други изјави.

Оттаму, неговите изјави дека се подготвени “преку изјава, пишана, јавно, гласно да ги потврдиме уште еднаш пред господинот Иванов, нашите конечни дефинитивни и непоколебливи конфирмации или потврди за унапредување на унитарноста на Република Македонија, заштита на територијалниот итегритет, суверенитетот на Македонија, целосно почитување на Уставот” немаат никакво реално покритие. Та се само големи лаги, со кои  Зоран Заев се служи долго време. Тоа е неговиот психолошки капацитет.

Тиранската платформа неможе да биде основа за доделување на мандат. Само јавно откажување од тиранската платформа од Зоран Заев и подписниците на таа платформа може да биде основ за доделување на мандат.

Кој може да му верува на збор дека ќе ја унапредува унитарноста на државата, кога во практиката се случува сосема спротивното. Зоран Заев и СДС не реагираат на деградација на државното знаме во кабинетот на Претседателот на Собранието и на најавата на Талат Џафери дека седниците на Собранието, спторивно на Уставот ќе ги води на албански јазик.

Во наводните гаранции на Зоран Заев никаде не се споменува дека нема да се дозволи двојазичност на целата теритирија на Република Македонија, дека нема да се отвараат теми за промена на грбот, знамето и химната, за декларација за геноцид врз албанскиот народ, за ревизија на судски процеси и други прашања.

ПРЕС24: Недобивањето мандат од Иванов, сепак нема да го спречи парламентарното мнозинство да формира Влада. Дали тоа може да преизвика реприза на настаните од Собранието?

МАНЕВСКИ: Веќе одговорив на ова прашање. Не очекувам реприза на настаните од Собранието. Народот веќе 75 дена е на улиците на градот Скопје и во  повеќе градови во Република Македонија. Зоран Заев и неговите сценаристи не го очекуваа отпорот на народот кој не прифаќа било каква постизборна Албанска платформа за рушење на Република Македонија и нејзиното уставно уредување. Народот нема да подклекне и да ја изгуби државата со овие  неуставни и незаконски постапки. Се лаже Зоран Заев ако мисли дека ќе го скрши отпорот на народот.  Со народот никој неможе да си игра.

ПРЕС24: Иванов по средбата со Хојт Ји најави дека очекува гаранции за унитарноста на државата и за тоа ги повика и САД но и коалиционите партнери на Заев. Кои се тие гаранции за отсранување на пречките за доделување мандат.

МАНЕВСКИ:Единстрвена гаранција за отсранување на пречките за доделување мандат е јавно откажување од постизборната тиранска платформа. Никаква друга “гаранција” од Зоран Заев нема вредност, бидејки на овој човек никој не му верува на зборот, затоа што досега безброј пати покажал дека зборот не му вреди ништо. 

Народот бара нови избори, како единствен излез од кризата, во која го втурна Зоран Заев и СДС со прифаќање на туѓа платформа со која се урива Република Макадонија. Неодамна еден словенечки весник напиша: кога те тепа сопствениот народ, не си  херој туку предавник.

Голата борба за власт на Зоран Заев, неможе да се плати со цената на Република Македонија, создадена со многу жртви на најдобрите синови и ќерки на македонскиот народ. Тоа не поминува и Зоран Заев од тоа треба да се откаже што е можно побргу.

ПРЕС24: Како една од првите одлуки што Заев планира да ги носи се реформи и во судството со реизбор на судии. Вие бевте министер за правда, а СДСМ ве обвинуваше дека Вие сте креатор на сегашниот судски систем, кој според СДСМ е симбол за партизирано судство?

МАНЕВСКИ: Судиите и судството во целина подолго време се изложени на жестоки закани и притисоци кои доаѓаат од опозициската партија СДС и нејзини органи и челници, од некои наводни невладини организации, од некои медиуми и портали, од наводни експерти и аналитичари.

Континуирано и секојдневно се редат притисоци и закани врз судиите и претседатели на судови, на прес-конференции, во изјави, закани со кривични пријави, закани со разрешување и генерално чистење на целото судство.

Целта е да се заплашат судиите. Се изразува грубо непочитување и навреда на судот во судница и надвор од судница. Се манипулира со одржување на судски рочишта и се измислуваат разни причини за нивно одложување и по десетина пати и тоа токму од тие кои повикуваат на генерален реизбор на судиите. Целта е јасна, да се избегнува одговорноста.

Секогаш кога СДСМ е на власт или се стреми да ја врши власта, првата работа со која се зафаќа е генерален реизбор на судиите. Судиите многу му сметаат на и сака веднаш да расчисти со нив. Генереален реизбор на судиите еднаш беше извршен од Собранието на РМ на 27.06.1996 година. На таа седница не беа избрани над 60 судии од основните судови, без никакво образложение. Собранието, целосно контролирано од пратеници на СДСМ и без опозиција, на секој судија кој што не беше избран му пресуди за помалку од 10 секунди, без збор и без аргументи. Беше сосема јасно дека не беа избрани од политички, а не од стручни причини.

Генерален реизбор според Уставот и Законот за судовите воопште не е можен. Не може да се изврши генерален реизбор на судиите по никаков основ. Судиите тоа го знаат и знаат да се одбранат од заканите и нападите, иако не е нималку пријатно сeкојдневно да слушаат дека некој им готви “свилен гајтан”..

Според членот 38 од Законот за судовите од 2005 година, судиите се избираат без ограничување на траење на мандатот. Според новиот Закон за судовите, судиите и претседателите на судовите ги избира и разрешува Судскиот совет на РМ, под услови и во постапка утврдени со закон. Собранието на РМ нема никаква надлежност во врска со изборот и разрешувањето на судиите повеќе од 12 години.

Во амандманот XXVI на Уставот, точно се определени условите за престанување на судската функција и за разрешување на судијата. Судијата се разрешува поради потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција пропишана со закон и поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција под услови утврдени со закон.

Никаде во наведениот Амандман на Уставот, во Законот за судовите и во Законот за судскиот совет на РМ не се предвидува генерално разрешување или генереален реизбор на судиите. Генерален реизбор на судии не познава ниту едно законодавство во Европа.

Недопуштено и срамно е во ова време една партија да се заканува со генерален реизбор. Една соседна држава, пред неколку години изврши генерален реизбор на судиите, но судиите што не беа реизбрани покренаа постапка и со пресуда на Европскиот суд за човекови права се вратени на нивните работните места и им се надоместени претрпените штети од 50 до 70 илјади евра за изгубена заработувачка и направени трошоци.

Гаранциите за избор и разрешување на судиите предвидени во Уставот и Законот за судовите се во функција на јакнење на независноста и самостојноста во вршење на судската власт и брана од вакви непромислени барања. Тоа се нормативи и стандарди на Европската унија кои Република Македонија ги вгради во своето законодавство.

Само во поединечни случаи судија може да бидат повикани на дисциплинска  одговорност по спроведена постапка од надлежен орган за сторена потешка дисциплинска повреда или поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција.  Други услови за разрешување на судија нема ниту во Уставот, ниту во било кој друг закон.

На 11 февруари 2015 година се донесе нов Закон за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност на судија. Советот за утврдување на факти е самостоен и независен орган составен од 9 члена. Овој  Совет е единствено овластен по спроведена постапка и може да поднесе предлог за разрешување на судија, по кој предлог одлучува Судскиот Сиовет на Република Македонија.

ПРЕС24:  Што ќе се случува со СЈО и како ја оценувате неговата улога во кризата?

МАНЕВСКИ:  СЈО е дел од кризата за нејзино продлабочување, а не за решавање. Во досегашната работа СЈО се потврди како експозитура на Зоран Заев и СДС. Ова специјално обвинителство постапува целоснио еднострано и пристрасно. Предистражни и истражни постапки се покренуваат само против функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Од над еден милион прислушкувани разговори, како не се најде барем еден случај да се покрене кривична постапка против носители на функции на СДС и ДУИ? Во СЈО има над 117 вработени лица, колку што немаат половината од другите јавни обвинителства во Македонија. Непотизмот при вработувањето во обвинителството зеде голем замав со вработување на внуци, сестри, братучеди и други блиски роднини, што објективно преставува лоша слика за самата институција.

СЈО како политички инструмент на СДС служи за остварување на политички, а не правни цели. Голем број лица повикани во обвинителството биле изложени на уцени и закани. Катица Јанева самата се откажа од две обвинителки што предхорно ги избра, со образложение дека обвинителскиот кадар бил доволен за извршување на работите. Не покажа потребни напори СДСМ и Зоран Заев, навреме да го предаде целокупниот назаконски прислушуван материјал и не му застана на патот на манипулациите и постојаното лицитирање за тоа колку разговори се незаконски снимени, почнувајки од 60, 120 или 600 илјади разговори или дури 1,05 милиони разговори!?. При предавањето на материјалите во неколку кутии на крајот на декември 2015 година од страна на Зоран Заев, Радмила Шекеринска и други, не се направи записник за тоа колку прислушкувани разговори се предадени, што претставува основна законска обврска за секое дејствие да се направи записник.

Од раниот почеток, наместо да градат односи на соработка со надлежни институции, јавните обвинителства, Советот на јавни обвинители и други институции, се повеќе доминираше агорогантност и надменост, па дури и непочитување и навреда на судот. Битно беше за нив да имаат подршка од амбасади и амбасадори, кои можеа да се видат на нивни прес-конференции, односно таму што на еден амбасадор најмаклку му е местото.

Се впушти во барање на случаи кои не се во доменот на нејзината надлежност. Случајот “Пуч” кој го презеде од Јавното обвинителство за организиран криминал во фаза на правосилен обвинителен акт, десетина пати и смислено се одложуваше почетокот на судењето од неразбирливи разлози и лични причини, за на крајот, што беше сосема очигледно, да се повлече обвинителниот акт и да се откаже од кривичното гонење против Зоран Заев и неколку други лица.

Нема правен основ за продолжување на рокот за работа на Катица Јанева. Во членот 22 изречно се наведува дека “Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство, може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност”. Нема ниту фактички, а уште помалку морални причини обвинителката Катица Јанева да бара продолжување на рокот од 18 месеци, кој истекува на 30 јуни 2017 година.  После овој рок, Катица Јанева не може да покрене обвинение или да нареди  истражна постапка. Таа имаше одврзани раце сама да го одбере кадарот со кој ќе работи, од буџетот и се обезбеди висок износ на материјални средства, колку  што бараше, се обезбедија просторни, технички и други услови за работа за да може да ги заврши работите во определениот рок. После 30 јуни 2017 година, СЈО може само да презема дејствија на застапување на поднесените обвиненија, а не да покренува постапки.

ПРЕС24: Дали формирањето на СЈО беше неопходно и зошто ВМРО ДПМНЕ влезе со поддршка на тој процес?

МАНЕВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ е народна партија со углед и доверба од граѓаните. Даде подршка за основање на СЈО поради тоа што немаше од што да се плаши и покажа целосна подготвеност да се испита сето она што се наведува како сторен криминал.

 

Заканите со поднесување на обвиненија во последните неколку недели до крајниот рок, независно од тоа дали тие се основани, ќе биде само манифестација на политичка сила во интерес на СДС и Зоран Заев и тотална дискредијатација на овој хибриден орган во судскиот систем на Република Македонија.

 

 

 

15.05.2017 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега