Заев за „Н1“: Непријатно е како соседните земји зборуваат за Македонија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, даде интервју за телевизијата  „Н1“  во кое изјави дека непријатен е начинот како Србија коментира за политичките случувања во Македонија. Според Заев, непријатно е соседите да зборуваат за Македонија.

– Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, говореше за македонско сценарио. Непријатно е како нашите соседи зборуваат за Македонија,  рече Заев во интервјуто, додавајќи дека во Македонија на сите им е преку глава од кризата.

Прашан за наводите за „голема Албанија“, Заев рече дека малку луѓе зборуваат за таква идеја и дека иднината на Западен Балкан е „отворени граници и мобилност на граѓаните“.  На прашањето што мисли за тоа што на масата на новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, стои знамето на Албанија, Заев рече дека тоа не е по Уставот на Македонија и дека таму наместо знаме треба да стои фотографија од децата и сопругата.

– Верувам дека Џафери ќе ги почитува Уставот и деловникот за работа на Собранието, рече Заев.

 

 

 

 

 

17.05.2017 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега