Заев потпишал гаранции за заштита на суверинитетот

Зоран Заев денеска конечно го зема мандатот за формирање на нова Влада. 

Заев истакна двете пречки за доделување на мандатот се отстранети додавајќи дека испратил до Иванов изјава во форма на гаранција за зачувување на уставниот поредок и унитарноста на Република Македонија. 

Новиот мандатар Зоран Заев, според Уставот, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата.  Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

 

 

 

 

17.05.2017 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега