Џафери: Седницата за избор на влада зависи од мандатарот

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека ќе закаже седница за избор на влада откако мандатарот Зоран Заев до Собранието ќе достави Предлог-програма и Предлог - состав на новата влада. Паралелно со оваа седница ќе се одржува и седница за измени на Изборниот законик односно за закажување термин за одржување на локалните избори. 

- Закажувањето на седницата зависи од мандатарот. Во моментот кога ќе добијам материјал ќе закажам седница. Парлалено ќе одат две седници, за избор на влада и за локални избори, рече Џафери.

Џафери во изјавата по давањето исказ во Јавното обвинителство на РМ за настаните од 27 април во Собранието, рече дека го радува фактот што Иванов го доделил мандатот за фомрирање влада, и рече дека со тоа тој придонесува да не се создава лоша практика во парламентарниот живот во Македонија.  

- Ме радува фактот што господинот Иванов го рефлектираше и го исполни тоа што го очекував. Со тоа во крајна инстанца придонесува да не се ствара лоша пракса во парламентарниот живот во Македонија во смисла на индивидуално одлучување или по нечија волја. Но верувам дека ќе има време додека е надвор од државата со ладна глава да размисли колку тој со своите постапка и одлуки допринел кон состојбата во земјата во смисла на она што се случи на 27 април, рече Џафери.

Според него, веројатно Иванов ќе се освести и веќе нема да се впушта ниту тој ниту некој друг носител на јавна функција да не превземна обврски кои не му припаѓаат по закон  и устав.

- Ова е патот по кој што се отвара сите оние легални процедури во Собрабиетоп да се довршат како што доликува во парламентарна демократија. 

Џафери одговарајќи на новинарско прашање дали има комуникација со пратениците од ВМРО-ДПМНМЕ, рече дека комуникација има и оти не ги урнал сите мостови пред себе.

- Сум оставил можност и пред себе и позади себе да имам мост, да комуницирам со сите што треба да комуницирам. Јас сум претседател на Собранието и не можам да се однесувам како личност како што смета некој, како претседател на Собранието соодветно сум оставил можност и мост за комуникација и таа комуникација постои и соодветно има одговори, рече Џафери.

 

 

 

17.05.2017 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега