Заев на гости кај Касами: Почнуваат разговори за учество на БЕСА во новата влада

Мандатарот Зоран Заев предмалку оствари тет-а-тет средба со лидерот на БЕСА, Биљал Касами, која се оддржа во седиштето на партијата во трговскиот центар Мавровка.

Како што информираат партиски извори, Заев на средбата му се заблагодарил на Касами за придонесот што го дала БЕСА во процесот на политички промени.

Според истите извори, Касами пред Заев изразил подготвеност партијата да учествува во новата реформска влада, но, додаваат тие, двете страни не разговарале ниту за поделба на ресори, ниту за конкретни кадровски решенија.

-Такви разговори ќе почнат и ќе се се одвиваат во наредните денови – велат нашите соговорници.

Извор Фокус

 

 

 

17.05.2017 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега