АХВ: Во Македонија нема пилешко бразилско месо со салмонела
Во Македонија нема пилешко месо со големи количини салмонела, смируваат од Агенцијата за храна за и заветеринарство (АХВ) откако албанските власти запленија 26 тони пилешко месо, увезено од Бразил, откако утврдиле дека содржи високи концентрации на салмонела.
- Месото и преработките од месо кои се увезуваат во Македонија се безбедни. Увозот се врши исклучиво од одобрени земји за увоз и од одобрени објекти. Секоја пратка задолжително е пропратена со ветеринарно здравствен сертификат со кој се гарантира безбедноста на пратката. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат задолжителна контрола на секоја увозна пратка на граничните премини, вклучително и на пилешко месо и производите од пилешко месо. Контроли се прават и при истовар на увезените пратки. Покрај задолжителниот преглед на документацијата, идентитетот на пратката, физичкиот преглед на пратките, официјалните ветеринари земаат и мостри за лабораториско испитување кои вклучуваат вршење на микробиолошки анализи, појаснуваат во АХВ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа