Јавниот и државен долг се уште на одржливо ниво, сметаат аналитичарите

Државниот и јавниот долг сеуште на одржливо ниво, покажуваат истражувањата. Заклучно со 2016 година јавниот долг достигна 4,7 милијарди евра или 47,8 проценти  од БДП. Според аналитичарите  простор за задолжување сеуште има, но прашањето е за што  ќе се биде направен долгот. Државниот долг пак изнесува 3, 9 милијарди евра или 39 отсто до БДП.

- 4 % од БДП уште може да го користиме но треба задолжувањето да се направи разумно, да се наведат приоритетите и задолжувањето да биде продуктивно, рече Благица Петрески, центар за изтражување и економски политики фајнанс тинк економски аналитичар

Експерската јавност советува  задолжувања да бидат за продуктивни  капитални  проекти кои иако би го зголемиле долгот, паралено ќе  придонесат за раст на БДП со што би се зголемила способноста за отплата на нови долгови.

- Нa јавна расправа да се видат кои се приоритетни родктивни инвестиции, да се намалат непродуктивните трошења , растот на тековните трошоци да биде во рамките со номиналнот потенцијал на економијата , а задолжувањата да бидат со пониски камати, рече Теодора Арсова- центар за истражување и економски политики фајнанс тинк.

И  од меѓународниот фактор посочија дека македонскиот јавен долг треба да се стабилизира  на ниво до 50 отсто од БДП.

Во последниот извештај на Светска банка пак беше посочено дека долгот на земјава е зголемен но дека не е ниво како во другите земји. 

 

 

 

17.05.2017 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега