Дебата за планински и екотуризам за Македонија

 

Дебата на тема „Планински туризам и екотуризам за одржлив развој за Македонија“ ќе се одржи денеска во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје.

На дебатата ќе учествуваат Рафаел Трује, директор на француското здружение Тетрактис, Жилбер Мантовани, заменик претседател и основач на здружението и Оливје Беф, планинарски водич кој престојува во Велес и сопственик на веб страната Macedonia trakking (http://www.macedonia-trekking.com/).

Тетрактис е организација чија цел е да ги истражи сите можности за соработка во насока на урамнотежен развој на регионите. Здружението развива активности во Франција, но исто така и во Јужна Америка, Африка и Азија.

Претставниците од ова здружение престојуваат во Македонија со цел изнаоѓање потенцијални партнерства и соработка околу проектите за локален развој, одржлив туризам и регионален развој.

Водичот, пак, ќе проговори за конкретните услови и развој на екотуризмот и планинскиот туризам во Македонија, врз основа на искуството стекнато во последните години. 

 

 

 

18.05.2017 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега