Одложено рочиштето за деветмината учесници во нередите во Собрание

Одложено е рочиштето за деветмината учесници во насилството кое се случи во неодамна во Законодавниот дом.

Судењето е презакажано за 23.мај бидејќи денес во судницата не беше присутен еден од обвинетите кои се наоѓаат во куќен притвор.

Учесниците се товарат за кривично дело „учество во толпа“. Двајца се во притвор, а двајца во куќен притвор.

Триесетина насилници добија кривични пријави, меѓу нив двајца заработија кривични пријави за „обид за убиство“ на пратеникот Зијадин Села.

 

 

 

18.05.2017 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега