Идната недела средба Иванов - Путин во Москва

Од 22 до 24 мај Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе биде во официјална посета на Москва и ќе се сретне со рускиот Претседател Владимир Путин, јавува руската државна агенција ТАС.

Одговарајќи на новинарското прашање на ТАС „Кога ќе се сретнат Иванов и Путин?“, Јури Ушаков, портпарол на Претседателот на Руската Федерација, одговорил дека средбата ќе се одржи кон крајот на месецов.

ТАС, објавува и дека македонската амбасада во Русија, најавила до Кремељ дека Иванов ќе дојде во дводневна работна посета од 22ри до 24ти месецов.

- За време на посетата, се очекува Иванов да добие признание од Интернационалната Фондација за Единство на Православните Христијански Нации, наградата го носи името на Патријархот Алексеј Втори - јавува ТАС.

 

 

 

18.05.2017 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега