Алтхаузер: Германија е пријател на Македонија и ќе продолжи да ја поддржува

Германија е голем пријател на Македонија и стоиме подготвено да продолжиме во нашата поддршка, изјави денеска германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер која присуствуваше на конференцијата за соработка меѓу Вишеградската група и земјите од Западен Балкан.

- Лично имам одлични професионални односи со претседателот, како и со другите политичари од оваа земја. Мојата работа во Берлин е високо ценета од министерот за надворешни работи и од канцеларот и сум во постојан контакт со власите во Берлин, изјави Алтхаузер одговорајќи на новинарско прашање за изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека таа пренесувала невистините информации од Македонија до германското МНР.

Алтхаузер не коментираше повеќе, само сподели изрека „Колку повеќе непријатели, толку поголема чест за мене“.

 

 

 

18.05.2017 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега