ВМРО-ДПМНЕ останува на страна на земјоделците и ќе продолжи да се бори за нивните интереси

Интегрален текст од прес конференција за медиуми, која се одржа денес, во просториите на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во Палата др. Христо Татарче, при што се обрати Дарко Костовски.

Наредниот период ќе покаже кој ќе биде излажан од криминалецот Зоран Заев.

          Дали ќе бидат излажани лидерите на албанските партии кои јавно изјавуваа дека добиле согласност од СДС за реализација на елементите од тиранската платформа или ќе бидат излажани граѓаните на Република Македонија кои вчера беа сведоци на гаранциите дадени од Заев дека нема да реализира туѓи платформи и декларации.

          Тоа што е најважно во моментов е дека гаранциите постојат и дека се деблокираат процесите. Сите овие процеси ќе се деблокираа многу порано, доколку Заев ја прифатеше понудата да ја отфрли тиранската платформа и да се откаже од реализација на елементите содржани во неа.

 

          Од денеска, со исполнувањето на законската можност отпочна и исплатата на субвенциите во земјоделието. Помагањето на земјоделието и земјоделците секогаш било и ќе остане фокус на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Земјоделците добија над една милијарда евра субвенции додека ВМРО во изминативе 10 години го имаше мнозинството и одлучуваше околу земјоделската политика, за разлика од времето на СДС кога земјоделците не добиваа ниту евро помош од државата.

          Со денешната исплата, паднаа во вода манипулациите кои СДС и од нив контролираните медиуми кои ги ширеа дека нема пари во буџетот. Буџетот е ликвиден и пари за земјоделците се обезбедени и согласно динамиката за исплата ќе бидат исплаќани.

          Штетната политика која СДС ја води и лажните шпекулации излегоа на виделина.

          Впрочем ваквите состојби кои се случуваа во земјоделието, освен што се резултат на деструктивните политики кои СДС ги превзема сега, резултат се и на апсурните законски решенија на кои СДС инсистираше во минатото. Тоа само покажува колкава кусогледост и безидејност владее во СДС и какви погрешни политики оваа партија испорачува на штета на граѓаните во Македонија.

          ВМРО-ДПМНЕ останува на страна на земјоделците и ќе продолжи да се бори за нивните интереси.

 

 

 

 

 

18.05.2017 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега