Во Струмица обука за следење на индикатори за безбедност во сообраќајот

Републичкиот совет денеска во Струмица одржа обука за следење на индикатори за безбедност на патиштата.

За мерење на индикаторите потребно е секоја локална власт да дефинира работни групи на ниво на општина, коишто ќе бидат од редот на вработените во општината и Министерството за внатрешни работи. Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, пак, препорачуваат во оние општини каде што се формирани и функционираат општински совети за безбедност на сообраќајот на патиштата, еден претставник да биде член во работната група за следење и мерење на индикаторите.

- Основни индикатори коишто ќе се следат во првата година, а коишто се однесуваат на возачите, индикатор кој се однесува на почитување/непочитување на брзината на движење, индикатор за користењето на системите за пасивна безбедност, индикатор кој ќе се однесува на возилата, индикатор за факторот пат, и индикатор кој ќе го опфати однесувањето на пешаците, рече проф.д-р Зоран Јошески од РСБП.

Еден од најсериозните проблеми од аспект на безбедноста на сообраќајот е употребата на системите за заштита, посебно употребата на сигурносните појаси и заштитните кациги. Токму поради ова РСБСП овој индикатор го дефинира како основен и собирањето на податоците за овој индикатор ќе се врши на терен, односно со директна опсервација на сообраќајниот систем.

Лошото планирање на просторот, посебно планирањето на патната мрежа, многу често предизвикува долгорочни проблеми врз безбедноста на сообраќајот, кои во некои случаи, многу тешко може да се надминат со подоцнежните мерки, додаваат од РСБП.

На овој начин би се дејствувало превентивно и проактивно врз безбедноста на сообраќајот, што е и една од целите на струката и науката во безбедноста на сообраќајот, да се најде начин да се реагира на небезбедноста и да не се чека небезбедноста да се појави, односно не треба да се реагира на безбедноста на сообраќајот само кога се случуваат незгоди, туку со соодветни техники треба да се предвиди и предупреди, велат експертите.

- На локално ниво, исклучително е важно да се идентификуваат индикаторите, како еден од начините за препознавање и следење на проблемите во безбедноста на сообраќајот. На локално ниво почнуваат сите активности, односно на локално ниво во краен случај се спроведуваат сите активности во поглед на безбедноста на сообраќајот, рече проф.д-р Јошески.

Според него, неопходно е локалните власти и субјектите задолжени за безбедноста на сообраќајот на локално ниво да ја сфатат и да ја разберат важноста на индикаторите во безбедноста на сообраќајот и со одговорните структури да изберат соодветни показатели и индикатори кои треба да се следат, мерат и оценуваат и резултатите од тие мерења да ги имплементираат во своите програми за подобрување на безбедноста на сообраќајот.

Вакви обуки се одржуваат низ сите региони опфатени со Секторите за внатрешни работи, а во 55 општини веќе се формирани работните тимови.

 

 

 

18.05.2017 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега