Промовиран проектот „Обединети преку спорт”

Зголемување на бројот на девојки кои се занимаваат со спорт, поттикнување учество на маргинализирани групи на граѓани во спорт, како и обучување на лица за решавање конфликтни ситуации и изградба мир преку спорт и спортски активности има за цел проектот „Обединети преку спорт”, на невладината спортска организација „ТАКТ“, во соработка со Амбасадата на САД во Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Факултетот за физичко образование спорт и здравје.

Како што соопшти Агенцијата за млади и спорт, проектот предвидува креирање на Мрежа на спортски лидери за промоција на спортски вредности, имплементација на акциски планови и можност за учество на двонеделна обука во САД и соработка со Центарот за спорт, мир и општество од САД.

На промоцијата на проектот свое излагање имаа Лора Браун од Амбасадата на САД во Македонија, претседателката на организацијата ТАКТ Силвија Митевска, деканот на ФФОСЗ Ленче Алексовска Величковска и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

- Родовата еднаквост и зајакнувањето на правата на жените се од суштинско значење за постигнување на целите за еднакво општеество. Ние се залагаме за еднаквост во спортот за секоја девојка и жена и промовираме здрави навики и спортско лидерство во сите области во спортот, истакна Спасески.

Тој додаде дека е горд што Агенцијата за млади и спорт ќе учествува во овој проект со логистичка поддршка и дополнително ќе вклучи свои вработени во овој проект, кои во иднина ќе ја пренесат целосната идеја на проектот како спортски лидери низ целата територија на Македонија со една цел за здраво и еднакво општество, без стереотипи.

 

 

 

18.05.2017 - 16:04
Фото: 
миа

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега