Заврши средбата помеѓу Заев и Ахмети

Неколку часа траеше средбата помеѓу мандатарот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Според информациите, на оваа средба се усогласувале ставовите околу најважните точки од програмата на новата влада, но и околу распределбата на министерските позиции. Сепак, по средбата двајцата лидери не дадоа изјава за медиумите.

Во игра се неколку имиња. Како што дознава ТВ21, Радмила Шеќеринска, Драган Тевдовски, Оливер Спасовски, Мила Царовска, Љупчо Николовски и Едмонд Адеми, се имињата кои се речиси потврдени за идниот кабинет на Зоран Заев.

 

Партиите на Албанците ќе добијат осум ,односно девет министерски места, од кои две без ресор. За позицијата вицепремиер за спроведување на Охридскиот договор, се спомнува  името на Изет Меџити, а Теута Арифи, има можност да биде нов шеф на државната дипломатија. Арбен Таравари се спомнува како нов министер за здравство, доколку овој ресор го добие Алијанса за Албанците.

 

 

 

19.05.2017 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега