Официјално започнаа преговорите за нова влада

СДСМ соопшти дека се разговарало за принципите за соработка, а не и за конкретни кадровски решенија.

Без изјави од директните учесници помина речиси двоиполчасовната средба на која мандатарот и лидерот на најголемата албанска партија во парламентарното мнозинство разговараа за изгледот на идната влада. Ова беше прв официјален состанок меѓу Зоран Заев и Али Ахмети по добивањето на мандатот од шефот на државата.

„Ќе има соопштение“, кратко изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Поконкретен за текот на разговорите не беше ниту портпаролот на СДСМ.

„Во тек се процесите и разговорите за формирање влада, подоцна ќе можеме да разговараме за кадровски решенија, за тоа кои партии ќе ги добијат конкретните ресори. За СДСМ е многу битно новата влада да функцуионира на поинаков начин и принципи. Очекуваме што поскоро да завршат овие разговори“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Подоцна од СДСМ соопштија дека Заев и Ахмети разговарале за принципите на соработка, реформската влада, ЕУ и НАТО интеграциите. За наредниот период се најавува интензивирање на динамиката и разговорите меѓу СДСМ и ДУИ како и со партиите што дале поддршка за состав на новата влада. Потоа, како што информираат, ќе се премине на конкретни кадровски решенија за министерства.

 

 

 

19.05.2017 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега