Тодоров: СДСМ ги застапува албанските интереси, а со тоа ја продлабочи кризата во Македонија

Од една страна не зборам Албанци против Македонци, зборувам 20 пратеника наспроти 100 пратеника затоа што во овие 100 пратеници се сите и Македонците и Албанците и Турците и Власите и Србите и Ромите, изјави Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „само виситина“ на Канал 5 телевизија.

-А од друга страна имаме 20 пратеници кои што имаат некаква декларација која што е заверена од премиер на туѓа држава во соба во која виси картата на голема Албанија и во нејзе викаат дека Македонија е геноцидна земја и бараат комплетно редефинирање на државата. Од друга страна ние имаме 100 пратеника кои ги претставуваат сите етнички заедници во Македонија, имајќи предвид дека СДСМ има огромен број на албански гласови, не може да кажеме ние дека овие 20 пратеника ги застапуваат само албанските интереси и СДСМ ги застапува албанските интереси, потенцираше Тодоров.

Тој вели дека имаме една таква ситуација која ја продлабочи кризата во Македонија и дека ова не смее да биде случај никогаш во иднина.

-Тоа е така бидејќи премиер на туѓа држава заверен во просторија која има карта на голема Албанија диктира како ќе се формира влада во Македонија. И сега тука СДСМ веројатно во желбата што е можно побрзо да се направи власт, да дојдат до позиција влегуваат во таа условно кажано шема, вели Тодоров.

 

 

 

19.05.2017 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега