Учество на претседателот Иванов на Светскиот економски форум во Јордан

Денеска во Јордан се одржува Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка на кој учествуваат над 1000 политички лидери, претставници од бизнис секторот и цивилното општество, од повеќе од педесетина држави.

Домаќин на форумот е Кралот на Јордан, Н.В. Абдула II.Меѓу лидерите на Светскиот економски форум, што се одржува во Аман, Мртво Море, е Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој учествуваше на пленарната сесија на свеченото отворање на форумот на кој се се обратија Принцот на Јордан, Кралот на Шпанија и претседателите на Ирак и Нигерија. Лидерите од целиот свет дискутираат на повеќе теми кои се од глобално значење. Меѓу темите на дискусија е улогата на Кралството Јордан во регионот, економските перспективи на земјите од овој регион, промените во геополитиката и хуманитарните предизвици во однос на состојбите во Сирија, Ирак и Либија, како и актуелната мигрантската криза.

Јордан важи за оаза на стабилност и мир на Блискиот Исток, иако е прв сосед на најголемите регионални  кризни жаришта, “тампон зона“ помеѓу Израел и неговите регионални противници и крстопат помеѓу наголемите шиитски и сунитски држави.

Претседателот Иванов во рамки на форумот денеска ќе оствари билатерална средба со Кралство Јордан,  Н.В. Абдула Втори, како и повеќе билатерални средби со учесниците на форумот.

 

 

 

20.05.2017 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега