Иванов-Свинг: ИОМ високо го цени ангажманот на Македонија во мигрантската криза

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Јордан и учеството на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка, во Аман оствари средба со Вилијам Лејси Свинг, генерален директор на Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

 Двајцата соговорници разменија мислења за соработката меѓу Република Македонија и ИОМ, како и за активностите на организацијата на регионално и на глобално ниво.

 Претседателот Иванов изрази благодарност за досегашната соработката што Република Македонија ја остварува со ИОМ, особено за поддршката во справувањето со мигрантската криза.

 Генералниот директор изрази задоволство од односот и третманот на Република Македонија кон бегалците и мигрантите, согласно сите меѓународните стандарди и ги поздрави начините на кои земјата се справува со мигрантската криза.

На средбата претседателот Иванов изрази подготвеност за вклученост на Република Македонија во идните активности на ИОМ и продолжување на соработката согласно потребите на државата. На покана на Република Македонија, генерален директор на Меѓународната организација за миграција ќе ја посети Република Македонија.

 

Претседателот Иванов денеска учествува на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка во Аман, каде ќе оствари повеќе билатерални средби. 

 

 

 

20.05.2017 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега