Иванов - Бокова: Македонија ги поддржува програмите на УНЕСКО за заштита на културно - историското наследство

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска во Аман оствари средба со генералнот директор на УНЕСКО, г-ѓа Ирина Бокова, на којабеше разговарано за тековните и идните активности и проекти на Република Македонија во соработка со светската организација за образование, наука и култура.

 

Двајцата соговорници ја потврдија одличната соработка меѓу Република Македонија и УНЕСКО, и изразија подготвеност за нејзино проширување во насока на натамошна реализација на проекти од областите на културата, образованието, науката, комуникациите, информациите, и во однос на програмите за млади и граѓанското општество.

 

Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија придава големо значење на соработката со УНЕСКО и активно ги промовира и учествува во нејзините активности и иницијативи.

 

„Република Македонија ги поддржува програмите на УНЕСКО, и ние сме исклучително посветени во напорите за заштита на изобилното природно и културно-историско наследство кое го имаме“, посочи македонскиот претседател, и изрази благодарност за поддршката која УНЕСКО континуирано и ја дава на Република Македонија преку проекти реализирани во рамките на мултилатералната и директната соработка. 

 

На средбата беа разменети мислења околу актуелните случувања во Република Македонија на политички план, информации за улогата на УНЕСКО во однос на бегалската криза,  како и за актуелностите и реформските процеси во светската организација. Во таа наоска, Бокова го информираше претседателот Иванов за предизвиците со кои се соочува УНЕСКО. 

 

 

 

20.05.2017 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега