УХМР:Невреме и силни грмежи- еве како да се заштитите

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни маси, претежно од Медитеранот. Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа проследени со грмежи и со засилен ветер и силни електрични празнења. Локално процесите ќе бидат застапени и во форма на невреме,  особено во јужните делови на земјава се очекува да наврнат изобилни количини на воден талог, особено в недела и во вторник.

 Можна е и појава на невреме со град и со засилен ветер и силни електрични празнења.  Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, што ќе предизвика намалување на дневната температура  за 5 до 7 степни.

Се препоарачува во случај на невреме и насилни електрични празнења:

 - да не се престојува на отворен простор,

- стадата животви да се раздвојуваат на помали групи,

- на отворен простор да не се разгова на мобилен телефон,

- како и да не се носат метални предмети,

- најдобра позиција при силни електрични празнења се

 

 свиткување на телото или  лежечка позиција.

 

 

 

20.05.2017 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега