Полицискиот синдикат во одбрана на суспендираните полицајци

Македонскиот полициски синдикат реагира на одлуката на МВР за суспендирање на 15 полициски службеници, а во врска со настаните од 27 април во македонското Собрание.

Бараат од МВР да не ја занемари командната одговорност. Исто така, го информираат членството дека синдикатот ќе им обезбеди бесплатна правна помош во целокупниот тек на постапката, почнувајќи од приговорите против решението за суспензија и евентуалните судски разврски.

Од синдикатот велат дека будно ќе ги следат постапките и согласно колективниот договор на МВР ќе бидат дел од комисијата која ќе одлучува под приговорите за отстранување од работното место и дисциплинските комисии на МВР.

 

 

 

20.05.2017 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега