ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе продолжи да работи посветено и да креира проекти

 

 ВМРО ДПМНЕ е целосна спротивност на СДС. Наш фокус беа и останаа проектите кои значат подигнување на стандардите, а фокус на СДС беа и останаа интригите и деструкцијата. За нас власта претставува дополнителна гаранција за заштита на највисоките државни и национални интереси, додека за СДС власта претставува ново поле и нови ресурси преку кои може да тргуваат со најважните прашања кои задираат во македонскиот идентитет.

 

          Зад работата на ВМРО-ДПМНЕ секогаш постојат конкретни резултати и дела. ВМРО-ДПМНЕ е партија која што тоа што го ветува и го реализира. Ние во проектите никогаш не ги делиме граѓаните по нивната етничка, верска или политичка припадност и овозможуваме бенефит од тоа да има секој човек во Македонија.

          Најдобар показател за овие наши приоритети е и последниот капитален проект кој отпочна да се реализира после опсежна и комплетна подготовка, изградбата на новиот објект на клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје. Овој проект е директен показател дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш имало јасна цел, поквалитетно здравство за граѓаните и најдобри услови за работа на медицинскиот персонал.

          Почитувани, Новиот клинички центар ќе има комплетно нова зграда со нето површина од 46.987 м2 корисен простор, 6.416 м2 проодни тераси и кровни градини и 531 м2 хелидром. Овој објект ќе се состои од едно подземно ниво, приземје, девет ката и современ хелиодром за транспорт на пациенти на десеттото ниво. Објектот ќе ги исполнува сите највисоки меѓународни стандарди за енергетска ефикасност на зградите, објектите ќе бидат интегрирани, и ќе бидат искористени најсовремени технологии при изградба на објекти од ваков тип.

          Впрочем еден ваков капитален објект и инвестиција во здравствениот систем бараше интензивно четири годишно работење на полето на  проектирањето во кое беа вклучени проектанти од италијанска компанија,  во соработка со меѓународни консултантски тимови составени од експерти од Шпанија, Германија, Грција и други западноевропски земји со целосна поддршка на Банката при Советот на Европа.

          Изградбата на Новиот Клинички центар ќе чини 72 милиони евра и согласно договорот таа ќе заврши во рок од 45 месеци. Во изградбата на овој објект ќе бидат вклучени двете најголеми градежни компании во Македонија – Гранит и Бетон, и реномираната италијанска компанија Инсо системи, што несомнено ќе значи силен поттик на градежната индустрија и индиректниот инпут што таа го прави на другите индустриски гранки.

          Овој проект како и големиот број други проекти кои ВМРО-ДПМНЕ ги реализираше се само уште една потврда на нашата посветеност, работа и конкретна идеја за подобрување на здравствената инфраструктура и здравствените услуги во Македонија. Апсурдни се обвинувањата на СДС, бидејќи еден ваков капитален проект како новиот клинички центар е во интерес на сите граѓани исто како што беа проектите за изградба на нов објект на детската болница Козле, отпочнувањето на изградба на нов објект на клиничката болница Штип, Изградба на нов објект во клиничката болница Тетово, нов објект на специјалната болница Јасеново, реконструкција на старата градска болница Свети Наум Охридски во Скопје, реконструкција на општата болница во Прилеп и десетици други поголеми инфраструктурни проекти во интерес на сите граѓани.

          ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе продолжи да работи посветено и да креира проекти и мерки кои ќе бидат во директна корист на граѓаните во Македонија, како во областа на здравството, така и во секоја друга област.

 

 

 

 

 

20.05.2017 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега