Одбиена жалбата на СЈО, Кочан останува на слобода

Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, кој е осомничен во случајот „Труст“. Кочан претходно даде гаранција од речиси милион евра за да може да се брани од слобода. Од СЈО тврдеа дека постојат индиции оти Кочан може да го повтори делото бидејќи за обвинителите парите и одземениот пасош не се доволна гаранција.

Претходно одбраната на Кочан во јавноста тврдеше дека два месеца е на службен пат. Тој ја напушти Македонија истиот ден откако по него беше објавена потерница од МВР.

Според истрагата на СЈО, обвинетите во случајот Труст фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Трансмет“ на Кочан.

 

 

 

21.05.2017 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега