ВМРО-ДПМНЕ: Заканите кон новинарите кои не мислат како Заев се класичен пример за замолчување на медиумите

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува заканите кон медиумите охрабрени од доаѓањето на власт на Зоран Заев.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме целото соопштение

Слободата на мислата и јавното изразување се темелни вредности на Уставот на Република Македонија и се гарантирани согласно чл.16 од истиот и никој нема право истите да ги загрозува или на друг да му ги оневозможува.

Заканите кон новинарката Ирена Радовановиќ, за кои истата пишува во својата најнова колумна само покажува до кое дереџе ја доведе СДС Република Македонија.

„Брзо ќе биде готово. Останувањето на улица е твојот најмал проблем. Ќе ги прошириш твоите познанства во Идризово. За возврат, твоите нови пријатели ќе те прошират тебе, т.е. твоето чмарче.“, стои во една од заканите упатени до новинарката.

Вината за ваквите закани и зачестени заплашувања кон новинарите е директно кај Зоран Заев, кој јавно од партиска говорница рече: „Во моментов став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како што се Сител, Канал 5, Алфа, Дневник и Македонската Радио Телевизија.”

Новинарката под закана е новинар во еден од медиумите кои Заев ги прогласи за свои непријатели, Заев со својата изјава директно ги мотивира сите негови истомисленици и подржувачи да го употребуваат неговиот речник и да се закануваат.

Заканите кон новинарите кои не мислат исто како Зоран Заев кои во последен период се повеќе зачестија, се класичен пример за замолчување на медиумите. ВМРО-ДПМНЕ е згрозена од ваквите изливи на омраза и закани и ги повикува надлежните органи правовремено да реагираат за расчистување на истите.

Никој не смее да се осуди да ги загрозува со Устав загарантираните права на граѓаните, секој кој тоа ќе го стори ќе одговара согласно закон.

Одговорност мора да има и за заканувачите и за потикнувачите.

 

 

 

22.05.2017 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега