МАН реагира и најостро ги осудува се позачестени закани по живот кон новинарите

Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро реагира на заканите кон новинари кои се се` позачестени и доаѓаат од социјалните мрежи најчесто и преку лажни профили кои немаат фотографии, пријатели во листа и очигледно се наменски отворени се со цел закана кон неистомисленици.

-Последните закани беа упатени кон новинарката Ирена Радовановиќ. Станува збор за закани по живот, а новинарите не смеат да бидат изложени на притисок и не смеат да трпат смртни закани како во последниот случај. Првата закана кон Радовановиќ била упатена на 2 март. Лице и` се заканувало дека најмалиот проблем кој ќе го има е ако остане без работа, затоа што наводно ќе ја затвореле во Идризово и таму ќе ја силуваат и тепаат, за да не заборавела кога поддржувала багра. Радовановиќ добила уште една порака од извесна Славица Петковска која и` се заканила дека ќе биде однесена во душевна болница во Косово, каде што “лудаците ќе се изживуваат врз нејзиното тело“, се вели во соопштението на МАН.

МАН бара надлежните веднаш да реагираат, да ги најдат сторителите зошто одговорност мора да има.

 

 

 

23.05.2017 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега