Калина Гривчева-Старделова, избрана за претседател на Лекарската комора на Македонија

 Доц.д-р Калина Гривчева-Старделова од Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија е избрана за претседател на Лекарската комора на Македонија.

За заменик-претседател на Лекарската комора е избран хирургот Илбер Бесими од Клиничката болница во Тетово.

Од 66 присутни на денешната седница на Собранието на Лекарската комора за  Гривчева-Старделова гласале 40 членови, а за Нелоска 24, додека две ливчиња биле неважечки.

Седницата на Собранието на Лекарската комора продолжува попладнево со избор на други органи и тела на на оваа најголема лекарска асоцијација. 

Досегашен претседател на Лекарската комора на Македонија беше проф.д-р Кочо Чакаларовски.

 

 

 

23.05.2017 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега