Судот го одби барањето на СЈО да се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Кривичниот суд го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за замтзнување на недвижниот имот на ВМРО-ДПМНЕ.

 - Судиите од Кривичните совети на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по несогласноста на судиите на претходна постапка, во врска со барањата за привремено одземање на имот поднесени од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), на нејавна седница одржана на 23.05.2017 година согласно чл.202 ст.3 од Законот за кривична постапка донесоа решенија со кои се уважува несогласноста на судијата на претходна постапка при што од страна на судот не е определена предложената привремена мерка Забрана на оттуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека - се вели во соопштението на судот.

Ова барање се однесува на случајот „Талир“, во кој се истражува незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и, според СЈО, тоа е прва истрага што се однесува на перење пари.

 

Според обвинителката Фатиме Фетаи, првоосомничениот, претседател на партијата, прифатил незаконски средства за финансирање на партијата, не ги вратил и не донирал на Буџетот, за да бидат искористени за хуманитарни цели, како што наложува Законот. Мотивите биле од лична природа, за зацврстување на моќта и контролата на партијата, посочи обвинителката. Со средствата биле плаќани сметки, маркетинг-услуги, истражувања на јавни мислења, ресторански, хотелски услуги и купување на недвижен имот.

 

 

 

23.05.2017 - 18:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега