Иванов во Италија на аудиенција кај Папата

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во посета на Италијанската Република и Светиот Престол, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

 Денеска - 25 мај е предвидено претседателот Иванов да ја посети базиликата „Свети Климент“, каде ќе биде положен венец на гробот на Св. Кирил. Претседателот Иванов ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, а во текот на денот ќе ја посети и базиликата „Сан Паоло“, каде ќе положи цвеќе на гробот на Св. Павле. Во вечерните часови претседателот Иванов ќе присуствува на концерт на етно групата „Баклава“.

 Утре - 26 мај, претседателот Иванов ќе има аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.

 

 

 

25.05.2017 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега