ВМРО-ДПМНЕ: Уште една лага на сдсмовските портали е дека Груевски избегал од СЈО во Битола

 

Веста “Груевски се исплаши од СЈО и не влезе во битолската болница” објавена на порталот “Сакам да кажам” , а превземена од другите интернет портали на СДСМ/ Сорос, е тотална невистина и конструирана лага, се со цел да се оцрни крупниот проект реконструкција на Клиничката болница Битола, реагираат до ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира ваквите дезинформации. Целта на посетата на г. Никола Груевски беше да изврши увид во завршувањето на реконструкцијата на фасадата, а не да влегува во Клиничката болница во Битола.

Кога веќе порталите од СДСМ/Сорос сакаат да пишуваат за Клиничката болница Битола, добро ќе беше да ги набројат и спомнат крупните инвестиции кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализираше изминативе години. Досега во Клиничка болница Битола е извршена надворешната реконструкција, реконструкција на фасадата и промена на прозорците во вредност од над 107 милиони денари, набавена е нова медицинска опрема во вредност од над 6 милиони евра, успешно функционира и интервентната кардиологија, реализирани се над 250 нови вработувања од кои 46 доктори.

Очаен е обидот на Центарот за комуникации на СДС да ги дефокусираат граѓаните од прифаќањето на Тиранската платформа. СДС и нивните портали финансирани од СОРОС на секој можен начин се обидуваат да го оттргнат вниманието од реалните и суштинските проблеми и криза кои ги наметна СДС со прифаќањето на Тиранската платформа.

Секако дека на Фабриките за лаги на СДСМ/Сорос побитно им е да измислат нова лага, отколку да ги набројат достигнувањата и инвестиции на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во Клиничката болница во Битола кои се од капитално значење за Битола и битолчани.

 

 

 

25.05.2017 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега