„Живеам како куче, од дедо ми го наследив само презимето“ - потресна исповед на внукот на Тито

Чудна судбина го снашла Јошко Броз, 68- годишниот внук на некогашниот претседате на Југославија. Додека неговиот дедо најголемиот дел од животот го поминал во изобилие кое за многумина останало недостижно, Јошко денес живее, или подобро кажано преживува, од 18.000 динари месечно.

-„Живеам како куче“ - зборува Јошко, лидер на „Комунистичката партија“, кој тврди дека од дедо му освен презимето не наследил баш ништо, а така одлучил белградскиот суд, кој по 3 децении ја заврши оставинската постапка, односно наследниците на Маршалот ги остави без наследство.

-„Не сум материјалист за да живеам за тоа наследство, но сум за тоа државата да го сочува имотот, кога веќе нејзе и припадна. Но, ако не е способна за тоа, тогаш нека го даде на некој кој може да го чува. Но, ни тоа не го дава, бидејќи така би се открило дека поголемиот дел го украла.“ - тврди и додава дека највредниот дел од имотот завршил кај луѓето од власта.

За да биде уште полошо, пред повеќе од една година Јошко се развел и од четвртата сопруга, а од тој брак излегол посиромашен од било кога, па денес се бори да преживее.

 

 

 

25.05.2017 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега